До
Управниот Одбор
на КЈП Нискоградба Битола
ПРЕДМЕТ: Мислење на Одборот за контрола на Материјално финансиското работење – извештај за работењето на КЈП Нискоградба Битола за периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година
Во согласност со член 27 став 3 од ЗЈП и член 7.8 од деловникот за работа на Одборот за контрола на Материјално финансиското работење при КЈП Нискоградба – Битола, Одборот за контрола на својата седница одржана на 14.07.2025 година го разгледа извештајот за работењето на КЈП Нискоградба Битола за период од 01.01.2025 до 31.06.2025 година и констатира дека Извештајот ги содржи сите потребни податоци за да се добие генерална слика за работењето во наведениот период.
Извештајот се проследува до Управниот одбор за понатамошно разгледување и соодветно постапување.
Споредно прикажаните приходи и расходи во наведениот период констатирана е загуба од 9.437.262,00 денари.
Битно е да се потенцира дека во оваа година имаме зголемување на платите на вработените од 2,6 милиони денари како и неприфаќањето на цените за канализациони услуги од страна на Совет на Општина Битола кои се зголемија по најнизок основ предложен од Регулаторна комисија и по основ на закон што најмногу придонесе да се оствари горенаведената загуба.
14.07.2025 година
Одбор за контрола на материјално финансиското работење
- Александар Петровски
- Благој Ристевски
- Мартинка Мишевска
- Георгина Ружин
- Јасмина Ристановска
До
Совет на Општина Битола и Општина Битола, Градоначалник Д-р Тони Коњановски
**ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА КЈП “НИСКОГРАДБА” – БИТОЛА
ЗА ПЕРИОД ОД
01-01-2025 ДО 30-06-2025 г.**
Битола, 10.07.2025 год.
(печат од КЈП НИСКОГРАДБА БИТОЛА)
ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД НА ПРИХОДИ И РАСХОДИ
ТАБЕЛА НА ПРИХОДИ
| Конто | ПРИХОДИ | Остварени приходи 01.01-30.06. 2024 (3) | Остварени и предвидени приходи од 01.01-30.06 2025 (4) | Индекс 4 : 3 |
| 7400 | Приходи од услуги општа даночна стапка | 14,033,905.00 | 18,209,085.00 | 1.30 |
| 74004 | Приходи од продажба на добра по член 32 а | 23,148.00 | 0 | 0.00 |
| 7401 | Приходи од услуги повластена даночна стапка | 6,825,964.00 | 8,375,787.00 | 1.23 |
| 7402 | Приходи од канализација | 32,868,420.00 | 37,264,172.00 | 1.13 |
| 745 | Приходи од употреба на сопствени производи | 1,327,012.00 | 0 | 0.00 |
| 767 | Приходи од субвенции | 0 | 0 | 0.00 |
| 769 | Останати приходи од работењето | 103,484.00 | 73,728.00 | 0.71 |
| 7741 | Приходи од камати | 348,495.00 | 480,526.00 | 1.38 |
| 7799 | Останати финансиски приходи | 6,996.00 | 4,620.00 | 0.66 |
| Вкупно | 55,537,424.00 | 64,407,918.00 | 1.16 |
Анализирајќи ја горенаведената табела на приходи до првото полугодие од оваа година споредено со истиот период од 2024 година, може да се забележи дека остварените приходи во 2025 година се зголемени за 16% или изразено во бројки за околу 9 милиони денари.
Кај приходите од услуги (градежни работи) по општа даночна стапка од 18% се забележува зголемување од 30%. Во тековна 2025 година имаме зголемување на приходите од општа даночна стапка од 18% заради зголемен обем на работа во ова полугодие.
Приходи од продажба на добра (ставка 74004) не се остварени во првото полугодие од 2025 година.
Во приходите од услуги со 5% ДДВ, книжени на които 7401, спаѓаат приходите од зимско одржување на улиците. Истите се зголемени за 23% или изразено во бројки за 1,5 милиони денари споредено со претходното шестомесечие од претходната година. Ова се должи на повеќе врнежи од снег и поголем интензитет на работа на зимската служба.
До 30 јуни оваа година, приходите од надоместок за канализација (ставка 7402) се зголемени за 13% споредено со 2024 година, односно за 4,395,752.00 денари. Овие приходи варираат во зависност од потрошувачката на вода, а фактурирањето се врши врз основа на потрошени м³ вода. Зголемувањето се должи на новата цена за м³ одведена вода, утврдена од Регулаторната комисија. Сепак, во последните години се забележува тренд на намалување на овие приходи поради намалена потрошувачка на вода како резултат на иселување на населението и штедење.
Приходите од употреба на сопствени производи во првото полугодие од 2025 година не се остварени. Исто така, нема добиено субвенции (ставка 767).
Приходите од камати во првото шестомесечие од 2025 година се зголемени за 38% или за 132,031.00 денари. Овие приходи се однесуваат на каматни листи за правни лица и тужени корисници на канализационата мрежа кои ги плаќаат обврските со спогодба на рати.
Другите приходи се во рамките на редовното работење.
| Вид на расход | Остварени расходи 2024 (2) | Остварени и предвидени расходи 2025 (3) | Индекс 3 : 2 | |
| 400/401 | Потрошени суровини и материјали | 5,755,761.00 | 6,500,000.00 | 1.13 |
| 402 | Потрошена енергија | 1,772,433.00 | 1,950,000.00 | 1.10 |
| 408 | Отпис на ситен инвентар | 289,240.00 | 18,330.00 | 0.06 |
| 410/411 | Поштенски, телефонски, GPS и интернет услуги | 455,580.00 | 460,000.00 | 1.01 |
| 4136 | Услуги за одржување на опремата | 1,530,925.00 | 1,400,000.00 | 0.91 |
| 41390 | Услуги за обезбедување на имотот | 431,161.00 | 894,500.00 | 2.07 |
| 414 | Закупнина | 0.00 | 40,000.00 | – |
| 415 | Комунални услуги | 75,180.00 | 180,000.00 | 2.39 |
| 4198 | Производни услуги | 2,112,693.00 | 3,083,809.00 | 1.46 |
| 41989 | Услуги за читање на водомери | 525,000.00 | 618,000.00 | 1.18 |
| 41991 | Услуги од агенции за вработување | 894,484.00 | 841,672.00 | 0.94 |
| 421 | Бруто плати | 41,408,351.00 | 45,328,000.00 | 1.09 |
| 430 | Амортизација | 6,000,000.00 | 6,000,000.00 | 1.00 |
| 422 | Останати трошоци на вработените (регрес, отпремнина и помошти) | 459,247.00 | 1,025,000.00 | 2.23 |
| 440 | Дневници за службен пат | 212,722.00 | 230,000.00 | 1.08 |
| 4419 | Надомести на трошоци на вработените и подароци | 992,472.00 | 980,000.00 | 0.99 |
| 442 | Трошоци за Управен и Надзорен Одбор | 445,584.00 | 356,668.00 | 0.80 |
| 417/443 | Реклами, репрезентација и спонзорство | 561,802.00 | 1,180,000.00 | 2.10 |
| 444 | Премии за осигурување | 1,112,813.00 | 988,000.00 | 0.89 |
| 445 | Банкарски услуги и платен промет | 332,612.00 | 428,148.00 | 1.29 |
| 446 | Даноци (админ., судски и др. давачки) | 124,024.00 | 154,190.00 | 1.24 |
| 447 | Останати трошоци од работењето | 569,432.00 | 553,000.00 | 0.97 |
| 4660 | Отпис на побарувања | 242,990.00 | 37,514.00 | 0.15 |
| 468 | Надомести на штети од дејноста | 466,296.00 | 36,792.00 | 0.08 |
| 46920 | Дополнително утврдени расходи од минати години | 257,065.00 | 408,145.00 | 1.59 |
| 474 | Камати од работењето со неповратни друштва | 230,082.00 | 153,412.00 | 0.67 |
| ВКУПНО: | 67,257,949.00 | 73,845,180.00 | 1.10 |
Анализирајќи ја табелата на трошоци во првото полугодие од 2025 година во споредба со 2024 година, вкупните трошоци се зголемени за 10% или за околу 6.5 милиони денари.
– Потрошените суровини и материјали се зголемени за 13% споредено со овој вид на трошоци направени во 2024 година и истото се должи на зголемениот обем на работа во 2025 споредено со истиот период во 2024 година.
– Трошоците за енергија се зголемени за 10% споредено со истите во 2024 година и истите зависат од видот на работата и цената на енергенсите.
– Трошокот за отпис на ситен инвентар е намален во споредба со 2024 година за 270,910.00 денари и истиот зависи од вредноста на набавената ХТЗ опрема во наведениот период.
– Трошоците за поштенски, телефонски, интернет и GPS услуги во првото полугодие од 2025 година се скоро идентични со наведениот период од 2024 година.
– Трошоците за теховно одржување на возилата и опремата покажуваат намалување за 9% во споредба со истите во 2024 година.
– Трошоците за обезбедување на имотот се зголемени за 463,339.00 денари споредено со истиот период од 2024 година. Во периодот од 2025 година фактурирани се повеќе трошоци од овој вид споредено со истите од 2024 година заради воведување на 24-часовно обезбедување, 7 дена во неделата во Стопанскиот двор на претпријатието.
– Трошоците за закупнина изнесуваат по 10,000.00 илјади денари месечно и истите се односат за наплатни центри.
– Трошоците за комунални услуги покажуваат зголемување за 104,820.00 денари.
– Производните услуги во 2025 година покажуваат зголемување од 46% и истото е резултат на зголемување на приходите од Зимска служба што содејствува со зголемување на трошоците за подизведувачи за истата.
– Трошоците за читање на водомерите од ЈП Водовод и ЈП Стрежево секоја година се исти (12 месеци по 93,000.00 илјади денари за состојбите од ЈП Водовод и 10,000.00 илјади денари за состојбите од ЈП Стрежево).
– Трошоците за извршени услуги од агенции за вработување се намалени за 6% и изнесуваат 841,672.00 денари за првото полугодие од 2025 година.
– Кај бруто платите во споредба со 2024 година постои зголемување за приближно 4 милиони денари.
– Амортизацијата не е книговодствено пресметана и истата за првите шест месеци би изнесувала околу 6,000,000.00 милиони денари.
– Останати трошоци на вработените изнесуваат 1,025,000.00 денари и споредено со истиот период во 2024 година се зголемени за околу 500,000.00 денари. Во овие трошоци влегуваат исплатени регреси, помошти, отпремнини и јубилејни награди и истите не зависат од залагањето на вработените.
– Трошоците за службени патувања и другите надоместоци на вработените, каде влегуваат и трошоците за образование и усовршување на вработените, се движат во истите рамки како и периодот од 2024 година.
– Трошоците за УО и НО се намалени за 20% споредено со 2024 година.
– Трошоците за реклами, репрезентација и спонзорство се зголемени за 618,198.00 денари. Во овие трошоци влегуваат и средствата што им се префрлаат на синдикатите за нивното теховно работење, каде влегува и личното осигурување на вработените.
– Премиите за осигурување на имот се намалени за 11% споредено со истиот период од 2024 година и изнесуваат 988,000.00 денари.
– Трошоците за даноци, административни, судски и други давачки се зголемени за 24% и истите не зависат од залагањето на вработените.
– Останатите трошоци од работењето се намалени за 3%. Во овие трошоци влегува издатокот за адвокатски, компјутерски и други услуги.
– Вредносно усогласување на побарувањата значи извршени отписи на ненаплатливи застарени побарувања од физички и правни лица. Во 2025 година истите се намалени за 85%.
– Надомести на штети од дејноста во 2025 се намалени за 92% и изнесуваат 36,792.00 денари.
– Дополнително утврдени трошоци од минати години се трошоци кои не зависат од работењето, односно истите се јавуваат како резултат на сторнирањето на сметки кое се врши врз основа на извештај испратен еднаш месечно од ЈП Водовод. Истите се зголемени за 59% и изнесуваат 408,145.00 денари.
– Трошоците за камати се односуваат за камати за набавени возила на лизинг. Оваа година за првото полугодие од 2025 година по овој основ исплатени се 153,412.00 денари и истите се намалени за 33% споредено со 2024 година.
Напомена: Извештајот е изработен врз база на евидентираните трошоци и приходи во сметководствената евиденција до месец мај 2025 година и планираните трошоци и приходи за месец јуни 2025 година.
Финансиски резултат
Од 01.01.2024 до 30.06.2024 година
Вкупни приходи: 55.537.424,00 денари
Вкупни расходи: 67.257.949,00 денари
Финансиски резултат: -11.720.525,00 денари
Од 01.01.2025 до 30.06.2025 година
Вкупни приходи: 64.407.918,00 денари
Вкупни расходи: 73.845.180,00 денари
Финансиски резултат: -9.437.262,00 денари
Од погоре изнесеното се гледа дека во првото полугодие од 2025 година КЛИ Нискоградба Битола покажува негативен финансиски резултат од 9.437.262,00 денари.
ПРЕГЛЕД НА ОБВРСКИ И ПОБАРУВАЊА НА 30.06.2025 ГОДИНА
| Побарувања | 30.06.2024 | 30.06.2025 |
| Побарувања од услуги | 19.350.827,00 ден. | 31.657.827,00 ден. |
| Побарувања за канализација од домаћинства | 32.340.235,00 ден. | 31.058.048,00 ден. |
| Побарувања за канализација од правни лица | 19.552.557,00 ден. | 19.489.318,00 ден. |
| Вкупни побарувања | 71.243.619,00 ден. | 82.205.194,00 ден. |
Од прегледот се гледа дека вкупните обврски кон добавувачите за првото полугодие од 2025 година се скоро идентични со обврските за дадениот период од 2024 година. Постои зголемување на обврските кон добавувачи за 19%, и намалување на обврските за кредити за 46%.
Побарувањата од купувачи покажуваат зголемување за 15%.
Првото полугодие од 2025 година КЈП Нискоградба Битола го заврши со загуба од 9.437.262,00 денари. Раководниот тим на КЈП Нискоградба ќе се ангажира за остварување на финансиски резултат кој ќе обезбеди континуирано и непречено функционирање на претпријатието.
Изготвил:
Марица Тодоровска
Советник за финансова оператива
Контролирал:
Наташа Стојановска
Помошник на директорот за финансии и правни работи
Директор на КЈП „Нискоградба” Битола
Зоран Талевски
ОДЛУКА НА УПРАВНИОТ ОДБОР
Врз основа на член 17 од Статутот на КЈП Нискоградба Битола и член 20 од Деловникот за работа на Управниот одбор на КЈП Нискоградба Битола, Управниот одбор на претпријатието на седницата одржана на ден 14.07.2025 година ја донесе следната:
О Д Л У К А
За усвојување на Извештајот за работењето на КЈП Нискоградба Битола за периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година
- Се усвојува Извештајот за работењето на КЈП Нискоградба Битола за периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година и констатира дека Извештајот ги содржи сите потребни податоци за да се добие генерална слика за работењето на претпријатието во наведениот период.
- Истиот се доставува на понатамошно разгледување пред Советот на Општина Битола.
- Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Согласно Програмата за работа на Советот на Општина Битола, Управниот одбор на претпријатието на својата редовна седница го разгледа Извештајот за работењето на КЈП Нискоградба Битола за периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година. Имајќи го во предвид Мислењето и предлогот по Извештајот на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење, одлучи како во диспозитивот на Одлуката.
ДА СЕ ДОСТАВИ:
- архива
- материјали за Управен одбор
- Сектор за финансии, сметководство и комерција
- Совет на Општина Битола
- Градоначалник на Општина Битола
Бр.02-806/4
14.07.2025 година
Битола
Управен одбор
Претседател
М-р Игор Дранговски
