Врз основа на члeн 37-и од Законот за јавни претпријатија (Службен весник на РМ бр. 38/96…89/22), члeн 20-г од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр. 27/14…159/22, 225/24 и последна измена 242/24), члeн 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен весник бр. 62/05…111/23), и члeн 22 од Статутот на КЈП Нискоградба Битола, ВД Директорот на
КЈП Нискоградба Битола објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 02/2025
За вработување на даватели на јавни услуги на
неопределено време за следните работни места:
1. Работно место: Одржување на канализациона мрежа, Шифра на работно место: КДР 03 05 B01 013 – 1 (еден) извршител
Општи услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија
- Активно да го користи македонскиот јазик
- Да е полнолетен
- Да има општа здравствена способност за работното место
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
Посебни услови:
- Да има основно образование
- Да има најмалку една година работно искуство во струката
Работната недела трае 5 работни дена (понеделник – петок), полното работно време изнесува 40 часа неделно, работното време започнува во 7:00 часот и трае до 15:00 часот.
Основната плата за работното место е 30.313,00 денари, плус додаток за минат труд 0,5% за секоја година работен стаж.
Вработувањето е предвидено во Годишниот план на институцијата за 2025 година: 1 (еден) извршител.
Согласно Годишниот план на институцијата, по Јавен оглас бр. 1/2025 година, реализирани се 2 (две) вработувања.
Начин на аплицирање:
- Пополнета пријава – достапна на веб-страницата: https://www.niskogradbabt.mk
- Пријави може да се подигнат и од архивата на КЈП Нискоградба Битола (секој работен ден од 07:00 – 15:00 часот)
Кандидатите задолжително приложуваат:
- Документи како докази за внесените податоци во пријавата
- Изјава под материјална и кривична одговорност дека податоците се точни и документите се верни на оригиналот
Документацијата се доставува:
- Лично или по пошта на адреса:
КЈП Нискоградба – Битола, ул. Булевар 1-ви Мај бб, 7000 Битола
КЈП Нискоградба – Битола
ВД Директор: Зоран Талевски
