Врз основа на член 16 од Правилникот за формата и содржината на Јавниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за вработување, начинот на спроведување на постапката за селекција и интервју, начинот на бодување и максимален број на бодови во постапката за селекција за работните места за кои е објавен јавен оглас и член 22 од Статутот на ЈКП Нискоградба Битола, ВД Директорот на ЈКП Нискоградба Битола на ден 30.06.2025 година донесе:

О Д Л У К А
За избор на кандидати за вработување на Даватели на јавни услуги по пат на јавен оглас бр.1/2025

  1. Јавниот оглас бр.1/2025, дел.бр.04-681/2 објавен на ден 10.06.2025 година, за вработување на работното место под број 1 со Шифра КДР 03 05 B01 013-2 (два) извршители Одржувач на канализациона мрежа – даватели на јавни услуги, во Одделение за канализациони објекти, инсталации, улици и патишта во Секторот за канализациони објекти, инсталации, улици, патишта и механизација

Се избираат кандидатите:

  1. Филип Велјановски
  2. Рубин Мицески
  3. Именуваните ќе бидат вработени на неопределено време за горенаведеното работно место, по конечноста на оваа Одлука, за што ќе се донесе посебно решение, односно ќе се склучи договор за вработување.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
ЈКП Нискоградба Битола, ЈКП Нискоградба Битола, објави Јавен оглас за вработување на даватели на јавни услуги бр.1/2025 дел.бр.04-681/2 на ден 10.06.2025 година во дневните весници „Нова Македонија“, „Слободен печат“, и „Коха“, за вработување на 2 (два) извршители на неопределено време на работно место 1 со Шифра КДР 03 05 B01 013-2 Одржувач на канализациона мрежа – два извршители, во Одделение за канализациони објекти, инсталации, улици и патишта, во Секторот за канализациони објекти, инсталации, улици и патишта и механизација.

Со Решение на ВД Директорот бр.04-681/4 од 18.06.2025 година формирана е Комисија за селекција на постапка за вработување на даватели на јавни услуги по јавниот оглас. Комисијата за селекција ги спроведе двeте фази од постапката за селекција за вработување и тоа: Спроведена постапка за проверка на административна усогласеност на пријавените докази на ден 25.06.2025 година, со Записник бр.04-681/5 од 25.06.2025 година и спроведено интервју со Записник бр.04-681/6 од 25.06.2025 година, по што Комисијата достави предлог до ВД Директорот за претпријатието.

Врз основа на резултатите од двете фази на селекција, Комисијата за селекција на постапката за вработување, до ВД Директорот на претпријатието достави ранг листа и предлог за кандидати за вработување бр.04-681/7 од 26.06.2025 година, заради донесување на Одлука за избор.

Директорот на ЈКП Нискоградба Битола го прифати предлогот на Комисијата и одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

Правна поука: Против оваа одлука незадоволните кандидати имаат право да поднесат жалба до Управниот одбор на претпријатието, во рок од 8 (осум) дена од приемот на Одлуката за избор.

Odluka