6-mesecen-Izvestaj-KJP

бр. 01-74/1-1

13. 07 2026 год.

Битола

До

Совет на Општина Битола и Општина Битола -Градоначалник, Д-р Тони Коњановски

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА КЈП”НИСКОГРАДБА”- БИТОЛА ЗА ПЕРИОД ОД 01-01-2026 ДО 30-06-2026 г.

Битола, 13.07.2026 год.


Табеларен преглед на приходи и расходи

ТАБЕЛА НА ПРИХОДИ

КонтоПРИХОДИОстварени приходи 01.01-30.06. 2025 (3)Остварени и предвидени приходи од 01.01-30.06 2026 (4)Индекс 4:3
7400Приходи од услуги општа даночна стапка18.623.737,0018.045.903,000.97
7401Приходи од услуги повластена даночна стапка8.375.787,006.375.827,000.76
7402Приходи од канализација-домаќинства38.789.658,0026.902.970,000.69
7403Приходи од канализација-правни лица0.0011.804.802,00/
745Приходи од употреба на сопствени производи0.00877.113,00/
769Останати приходи од работењето75.678,0054.580,000.72
741Приходи од камати506.444,00397.570,000.78
799Останати финансиски приходи4.926,009.480,001.92
Вкупно66.376.230,0064.468.032,000.97

Анализирајќи ја горенаведената табела на приходи до првото полугодие од оваа година споредено со истиот период од 2025 година може да се забележи дека остварените приходи во 2026 година се намалени за 3% или изразено во бројки за околу 2.000.000,00 денари.

Кај приходите од услуги (градежни работи) по општа даночна стапка од 18% се забележува намалување од 3% или изразено во бројки за 577.834,00 денари.

Во приходи од услуги со 5% ДДВ , книжени на конто 7401, спаѓаат приходите од зимско одржување на улиците, истите се намалени за 23% или изразено во бројки околу 2.000.000,00 споредбено со првото полугодие од минатата година од причини што немаше врнежи од снег и зимската служба работеше со помал интензитет.

Од оваа година приходите од надоместок за канализација се поделени на различни конта – конто 7402 за физички и конто 7403 за правни лица, па поради тоа не постои можност за споредба со истите во 2025 год. каде овие приходи се евидентираа на едно конто.

Во првото полугодие во 2026 приходите за канализација од физички лица изнесуваат 26.902.970,00 денари и од правни лица 11.804.802,00 денари или вкупно 38.707.772,00 што е скоро идентично со износот на истите во 2025 год. Овие приходи можат да варираат во зависност од потрошувачката на вода, а се фактурира на потрошени м3 вода по мерни состојби добиени од ЈП Водовод како и од ЈП Стрежево за технолошката вода. Во 2026 година фактурирањето за извршената услуга кон корисниците по м3 одведување на води се врши по нова цена добиена од регулаторна комисија која е повисока од цената во 2025 година.

Приходи од употреба на сопствени производи во првото полугодие на 2026 година изнесуваат 877.113,00 денари.

Останатите приходи од работењето се намалени за 28 % во споредба со истите во 2025 год.

Приходите од камати во првото полугодие од 2026 година се намалени 22% и истите се однесуваат за изготвени каматни листи за правни лица како и за тужени корисници на канализациона мрежа кои обврските ги плаќаат со спогодба на рати.

Останати финансиски приходи за првото полугодие во 2026 година изнесуваат 9.480,00 денари.

ТАБЕЛА НА ТРОШОЦИ

Вид на расходОстварени расходи 2025 (2)Остварени и предвидени расходи 2026 (3)Индекс 3 : 2
400/401 Потрошени суровини и материјали6,534,602.007,550,000.001.16
402 Потрошена енергија2,074,862.001,808,050.000.87
408 Отпис на ситен инвентар271,830.0044,924.000.16
410/411 Поштенски, телефонски, GPS и интернет услуги418,464.00385,668.000.92
41390 Услуги за одржување на опремата1,582,641.001,283,167.000.81
414 Услуги за обезбедување на имотот894,500.001,022,000.001.14
415 Закупнина40,000.0060,000.001.50
4198 Комунални услуги197,200.00212,217.001.08
Производни услуги2,945,005.002,557,934.000.87
41989 Услуги за читање на водомери618,000.00618,000.001.00
41991 Услуги од агенции за вработување701,394.001,512,988.002.16
421 Бруто плати45,467,155.0046,158,598.001.02
430 Амортизација6,000,000.006,000,000.001.00
422 Останати трошоци на вработените
440 Дневници за службен пат201,013.00266,324.001.32
441 Надомести на трошоци на вработените и подароци960,719.0065,785.000.07
442 Трошоци за Управен и Надзорен О.356,668.00396,692.001.11
417/443 Реклами, репрезентација и спонзорство1,174,650.00519,018.000.44
445 Премии за осигурување829,637.00913,326.001.10
446 Банкарски услуги и платен промет450,685.00453,956.001.01
447 Даноци кои не зависат од резултат
449 Останати трошоци од работењето627,653.001,019,026.001.62
4660 Отпис на побарувања31,262.005,319.000.17
468 Надомести на штети од дејноста30,810.000
6920 Дополнително утврдени расходи
474 Комати од работењето со неповрзани друштва129,304.00884,947.006.84
ВКУПНО:73,933,678.0076,679,672.00

Анализирајќи ја табелата на трошоци во првото полугодие од 2026 година во споредба со 2025 година, вкупните трошоци се зголемени за 4 % или за околу 3 милиони денари.

  • потрошените суровини и материјали се зголемени за 16 % споредено со овој вид на трошоци направени во 2025 година.
  • трошоците за енергија се намалени за 13 % споредено со истите во 2025 година и истите зависат од видот на работата и цената на енергенсите.
  • трошокот за отпис на ситен инвентар е намален во споредба со 2025 година за 226,906.00 денари и истиот зависи од вредноста на набавената ХТЗ опрема во наведениот период.
  • трошоците за поштенски, телефонски, интернет и GPS услуги во првото полугодие од 2026 година се намалени за 8% с во споредба со наведенит период од 2025 година.
  • трошоците за тековно одржување на возилата и опремата покажуваат намалување за 19% во споредба со истите во 2025 година.
  • трошоците за обезбедување на имотот се зголемени за 14 % споредено со истиот период од 2025 година.
  • трошоците за закупнина изнесуваат по 10.000,00 илјади денари месечно и истите се однесуваат за наплатниот центар.
  • трошоците за комунални услуги покажуваат зголемување за 8%.
  • производните услуги во 2026 година покажуваат намалување од 13% и истото е резултат на намалување на ангажирањето на под изведувачи во Зимска служба, заради намалениот обем на работа во истата.
  • трошоците за читање на водомерите од ЈП Водовод и ЈП Стрежево секоја година се исти (12 месеци по 93.000,00 илјади денари за состојбите од ЈП Водовод и 10.000,00 илјади денари за состојбите од ЈП Стрежево),
  • трошоците за извршени услуги од агенции за вработување се зголемени и изнесуваат 811.594,0000 денари за првото полугодие од 2026 година, поради зголемен број на вработени преку агенцијата за вработување.
  • кај бруто платите во споредба со 2025 година постои зголемување за 2%.
  • амортизацијата не е книговодствено пресметана и истата за првите шест месеци би изнесувала околу 6,000,000.00 милиони денари,
  • Останати трошоци на вработените изнесуваат 843.768.00 денари и споредено со истиот период во 2025 година се намалени за 4%. Во овие трошоци влегуваат исплатени регреси, помошти, отпремнини и јубилејни награди и истите не зависат од залагањето на вработените.
  • трошоците за службени патувања и другите надоместоци на вработените каде влегуваат трошоците за образование и усовршување на вработените се зголемени за околу 65.311,00 денари во споредба со истиот период од 2025 година.
  • трошоците за УО и НО се зголемени за 11% споредено со 2025 година, но ваквото зголемување се јавува како резултат на задоцнето исплаќање на паушалот за 12 месец 2025.
  • трошоците за реклами, репрезентација и спонзорство се намалени за 655,632.00 денари, односно за 56%. Во овие трошоци влегуваат и средствата што им се префрлаат на синдикатите за нивното тековно работење.

-премиите за осигурување на имот се зголемени за 10% споредено со истиот период од 2025 година и изнесуваат 913.326,00 денари. Оваа година во овој трошок е вклучено и колективното осигурување на вработените.

  • трошоците за даноци, административни, судски и други давачки се зголемени за 261.870 денари и истите не зависат од залагањето на вработените.
  • останатите трошоци од работењето се зголемени за 62 %, во овие трошоци влегува издатокот за адвокатски, компјутерски и други услуги, поради зголемен број на тужби кон физички и правни лица.
  • вредносно усогласување на побарувањата значи извршени отписи на ненаплатливи застарени побарувања од физички и правни лица. Во 2026 година истите се налалени за 25.943 денари.
  • дополнително утврдени трошоци од минати години се трошоци кои не зависат од работењето, односно истите се јавуваат како резултат на сторнирањето на сметки кое се врши врз основа на извештај испратен еднаш месечно од ЈП Водовод, но оваа година на ова конто се евидентирани и трошоците за бенефициран стаж за период од 2011 до 2025 на четири вработени кои со исплатата на истиот го остварија и правото за пензија. Истите се зголемени за 1.315.342,00 денари.
  • трошоците за камати се зголемени за 755.643,00 денари во споредба со истиот период во 2025 година. Ова зголемување се должи на исплатата на бенефициран стаж за кој се пресметува камата бидејќи исплатата на истиот е задоцнета.

Напомена : Извештајот е изработен врз база на евидентираните трошоци и приходи во сметководствената евиденција до месец мај 2026 година и планираните трошоци и приходи за месец јуни 2026 година.

Финансиски резултат

Од 01.01.2025 до 30.06.2025 годинаОд 01.01.2026 до 30.06.2026 година
Вкупни приходи 66.376.230,00Вкупни приходи — 64.468.032,00
Вкупни расходи 73.933.678,00Вкупни расходи — 76.679.672,00
Финансиски резултат
– 7.557.448,00 денари– 12.211.640,00 денари

Од погоре изнесеното се гледа дека во првото полугодие од 2026 година КЈП Нискоградба Битола покажува негативен финансиски резултат од 12.211.640,00 денари.

ПРЕГЛЕД НА ОБВРСКИ И ПОБАРУВАЊА НА 30.06.2026 ГОДИНА

30.06.202530.06.2026
Неплатени обврски кон добавувачи11.864.234,0011.771.698,00
Долгорочни обврски по кредити1.945.949,00185.970,00
Вкупно обврски13.810.183,00 ден.11.957.668,00 ден.
Вкупно ненаплатени побарува30.06.202530.06.2026
Побарувања од услуги32.145.116,0021.300.382,00
Побарувања за канализација од домаќинства19.951.627,0021.222.865,00
Побарувања за канализација од правни лица32.142.408,0028.718.508,00
Вкупни побарувања84.239.152,00 ден.71.241.755,00 ден.

Од прегледот се гледа дека вкупните обврски кон добавувачите за првото полугодие од 2026 година се намалени за 1.852.515,00 денари во однос на обврските за дадениот период од 2025 година. Обврските кон добавувачи се скоро идентични со обврските во истиот период 2025 година, додека постои намалување на обврските за кредити за 90 %.

Побарувањата од купувачи покажуваат намалување за 15 %.

Заклучок

Во првите шест месеци од 2026 година КЈП Нискоградба Битола покажува негативен финансиски резултат од 12.211.640,00 денари. Раководниот тим на КЈП Нискоградба ќе се ангажира кон остварување на финансиски резултат кој ќе обезбеди континуирано и непречено функционирање на претпријатието.

Изготвил: Фанче Цветковска Советник за финансова оператива

Контролирал: Наташа Стојановска Помошник директор за финансии и правни работи

Директор на КЈП „Нискоградба“ Битола
Зоран Талевски