Врз основа на член 37 од Законот за јавни претпријатија (Службен весник на РМ бр. 38/96…89/22), член 20-г од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр. 27/14…159/22, 225/24 и последна измена 242/24), член 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен весник бр. 62/05…111/23) и член 22 од Статутот на КЈП Нискоградба Битола, в.д. Директорот на КЈП Нискоградба Битола објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2025
За вработување на даватели на јавни услуги на неопределено време за следното работно место:
1. Работно место: Одржување на канализациона мрежа
Шифра на работно место: КДР 03 05 V01 013
Број на извршители: 2 (двајца)
Општи услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија
- Активно да го користи македонскиот јазик
- Да е полнолетен
- Да има општа здравствена способност за работното место
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност
Посебни услови:
- Завршено основно образование
- Најмалку една година работно искуство во струката
Работни услови:
- Работната недела трае 5 работни дена (понеделник – петок)
- Работно време: 07:00 – 15:00 часот
- Полно работно време: 40 часа неделно
- Основна плата: 30.313,00 денари
- Додаток за минат труд: 0,5% за секоја година работен стаж
Вработувањата се предвидени со Годишниот план на институцијата за 2025 година (2 извршители).
Начин на аплицирање:
- Пополнета пријава објавена на веб-страницата на КЈП Нискоградба Битола:
https://www.niskogradbabt.mk - Пријавите можат да се подигнат и во архивата на КЈП Нискоградба Битола, секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот
- Кон пријавата задолжително се приложуваат докази за сите внесени податоци
- Кандидатите под материјална и кривична одговорност потврдуваат дека податоците се точни и документите верни на оригиналот
- Пријавите со потребната документација се доставуваат лично или по пошта на:
КЈП Нискоградба Битола, ул. Булевар 1-ви Мај бб, 7000 Битола
КЈП Нискоградба – Битола
В.Д. Директор
Зоран Талевски
Пријава за вработување:
Prijava-za-vrabotuvawe-1