Врз основа на член 16 од Правилникот за формата и содржината на Јавниот оглас, начин на поднесување на пријавата за вработување, начин на спроведување на
О Д Л У К А
За избор на кандидат за вработување на Даватели на јавни услуги по пат на јавен оглас бр. 3/2026
- Јавниот оглас бр. 3/2026, дел. бр. 04-272/2 објавен на ден 17.03.2026 година за вработување на работното место под број 1 со Шифра КДР 03 05 А03 090 – 1 (еден) извршители, Раководител на одделение за канализациони објекти, инсталации, улици и патишта -даватели на јавна услуга, во Одделение за канализациони објекти, инсталации, улици и патишта, во Сектор за канализациони објекти, инсталации, улици,патишта и механизација
Се избира кандидатот:
1. Ѓорги Петровски
- Именуваниот ќе биде вработен на неопределено време за горенаведеното работно место, по конечноста на оваа одлука, за што ќе се донесе посебно решение, односно ќе се склучи договор за вработување.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
КЈП Нискоградба Битола, објави Јавен оглас за вработување на даватели на јавни услуги бр. 3/2026, дел. Бр. 04-272/2 на ден 17.03.2026 година во дневните весници,,Нова Македонија,, „Вечер„ и „Коха„ за вработување на 1(еден) извршител на неопределено време на работно место број 1 со Шифра КДР 03 05 А03 090 Раководител на одделение за канализациони објекти, инсталации, улици и патишта – еден извршител, во Одделение за канализациони објекти, инсталации, улици и па тишта, во Сектор за канализациони објекти, инсталации, улици,патишта и механизација.
Со Решение на ВД Директорот бр. 04-272/4 од 27.03.2026 година, формирана е Комисија за селекција на постапка за вработување на даватели на јавни услуги по јавниот оглас. Комисијата за селекција ги спроведе двете фази од постапката за селекција за вработување и тоа: Спроведена постапка за проверка на внесените податоци во пријавите и проверка на приложените докази на ден 03.04.2026 година, со Записник бр. 04-272/5 од 03.04.2026 година и спроведено интервју со Записник бр. 04- 272/6 од 03.04.2026 година, во просторијата на КЈП Нискоградба Битола.
Врз основа на резултатите од двете фази на селекција, Комисијата за селекција на постапка за вработување, до ВД Директорот на претпријатието, достави конечна ранг листа и предлог на кандидати за вработување бр.04-272/7 од 06.03.2026 година, заради донесување на Одлука за избор.
ВД Директорот на КЈП Нискоградба Битола го прифати предлогот на Комисијата и одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
Правна поука: Против оваа Одлука незадоволните кандидати имаат право да поднесат жалба до Управниот одбор на претпријатието, во рок од 8 дена од приемот на Одлуката за избор.
КЈП Нискоградба- Битола
ВД Директор
Зоран Талевски
Odluka-za-izbor-JO-3-2026