Врз основа на член 37-и од Законот за јавни претпријатија („Службен весник на РМ“ бр. 38/96, … 89/22), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ“ бр. 27/14, … 159/22, 225/24, 242/24, … 144/25), член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“ бр. 62/05, … 111/23, … 124/25) и член 22 од Статутот на КЈП Нискоградба Битола, в.д. директорот на

КЈП Нискоградба Битола, објавува

Ј А В Е Н О Г Л А С бр. 01/2026

за вработување на даватели на јавни услуги на неопределено време за следното работно место:

1. Управувач на градежни машини

Шифра на работно место (КДР): 03 05 Б03 019
Број на извршители: 2 (два)

Општи услови

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

  • завршено најмалку 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО, или четиригодишно средно образование;
  • најмалку една (1) година работно искуство во струката;
  • поседување возачка дозвола Б категорија и квалификација за управување со градежни машини.

Работно време и плата

Работната недела трае 5 работни дена (од понеделник до петок). Полното работно време изнесува 40 часа неделно, со почеток во 07:00 часот и завршеток во 15:00 часот.

Основната плата за работното место изнесува 33.057,00 денари нето, со додаток на минат труд во висина од 0,5 % за секоја година работен стаж.


Предвидените вработувања согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2026 година се 2 (два) извршители.

Постапката за селекција се состои од:

  • проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас;
  • проверка на приложените докази;
  • интервју.

Огласот трае 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето во дневниот печат, во три дневни весници, од кои еден на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.


Потребна документација

Кандидатите се должни да ги достават следните документи во оригинал или копија заверена кај нотар:

  • уверение за државјанство;
  • извод од матична книга на родени;
  • доказ дека со правосилна судска пресуда не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • лекарско уверение за општа здравствена состојба (издадено од Медицина на труд);
  • диплома за завршено соодветно образование;
  • потврда за работно искуство;
  • пополнета пријава објавена на веб-страницата на КЈП Нискоградба Битола.

Пријавите ќе бидат достапни на веб-страницата на КЈП Нискоградба Битола, како и во архивата на КЈП Нискоградба Битола, секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот.

Кон пријавата, кандидатите задолжително ги приложуваат сите потребни докази за податоците внесени во истата.

Кандидатите се должни, под морална и кривична одговорност, да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

Пријавите со целокупната документација се доставуваат до КЈП Нискоградба Битола, на адреса:

ул. Булевар 1-ви Мај бб, 7000 Битола
лично или по пошта.

КЈП Нискоградба Битола
В.Д. Директор
Зоран Талевски

Prijava-za-vrabotuvawe-2

Јавен-оглас-03022026