Работни екипи на вработени и механизација од КЈП ,,НИСКОГРДБА” Битола денес работат на расчистување на наноси од песок и кал на дел од улицата 21-ва кај ,,Хотел Битола”, зграда бр.85 и згради лоцирани на улица ,,Димитар Илиевски Мурато”.
Друга екипа на вработени со потребна механизација на претпријатието се ангажирани и работат на санирање на каналот кој беше пробиен од синоќешните обилни врнежи од дожд на потегот од ООУ ,,Климент Охридски” до населба Довлеџик.
