Врз основа на член 37-и од Законот за јавни претпријатија,(Службен Весник на РМ бр.38/96...бр.89/22), член 20-г од Законот за вработени во јавниот сектор(Службен Весник на РМ бр.27/14...159/22),член 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен Весник бр.62/05...111/23) и член 22 од Статутот на КЈП Нискоградба Битола, ВД Директорот на

КЈП Нискоградба Битола објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2023 - повторување

За вработување на даватели на јавни услуги за следното работно место :

  1. Работно место Самостоен инженер шифра на работно место КДР 03 05 Б01 050 – 1 (еден) извр{ител Оп[ти услови:
    -да е државјанин на Република Северна Македонија,
    -активно да го користи македонскиот јазик
    -да е полнолетен
    -да има општа здравствена способност за работното место
    -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност Посебни услови:
    -да има завр{ено најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен ВИ степен
    -најмалку три години работно искуство во струката

Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок, полното работно време изнесува 40 часа неделно, работното време запо~нува во 7,00 часот и трае до 15 часот, паричниот износ на основната плата за работното место е 34.359,00 денари, плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен ста`.
Предвидени вработуваwа според Годи{ниот план на институцијата за 2023 година се: 1 (еден) извршител – Албанци(ка).

Постапката за селекција за вработување на даватели на јавни услуги во ЈП се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработуваwе со условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази во пријавата и интервју.
Огласот трае 15(петнаесет)  дена, сметано од денот на објавуваwето на огласот во дневниот печат во три дневни весници од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик, различен од македонскиот.

Кандидатите треба да ги достават следните документи за исполнуваwе на потребните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар:

-Уверение за дравјанство,

-Извод од матична книга на родени,

-Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
-Лекарско уверение за општа здравствена способност,
-Диплома за завршено соодветно образование,
-Потврда за работно искуство,
-Пополнета пријава објавена на веб страната на КЈП Нискоградба Битола.

Пријавите ќе бидат достапни на веб-страната на КЈП ,,Нискоградба,“ Битола www.niskogradba.pelanet.mk, а ќе можат да се подигнат и од архивата на КЈП Нискоградба Битола секој работен ден од 7,00-15,00 часот. Кон пријавата кандидатите задолително ги приложуваат потребните докази за податоците внесени во истата. Кандидатите се долни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

Пријавите со потребната документација кандидатите се должни да ги достават во КЈП Нискоградба – Битола, на ул. Булевар 1-ви Мај бб . 7000 Битола, лично или преку пошта.

                                                                                         КЈП Нискоградба-Битола
                                                                                               ВД  Директор
                                               Зоран Талевски
Prijava-za-vrabotuvawe-1