Врз основа на член 37-и од Законот за јавни претпријатија,(Службен Весник на РМ бр.38/96…бр.89/22), член 20-г од Законот за вработени во јавниот сектор(Службен Весник на РМ бр.27/14…159/22),член 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен Весник бр.62/05…111/23) и член 22 од Статутот на КЈП Нискоградба Битола, ВД Директорот на

КЈП Нискоградба Битола објавува

Ј А В Е Н О Г Л А С бр.01/2024

За вработување на даватели на јавни услуги на
неопределено време за следните работни места :

1. Работно место Одговорно (техничко лице) за водење подземен катастар, техничка документација и техничка припрема шифра на работно место КДР 03 05 Б02 002 – 1 (еден) извршител

ОпШти услови:
-да е државјанин на Република Северна Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен
-да има општа здравствена способност за работното место
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

Посебни услови:

-да има завршено најмалку 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование – градежно геодетска струка,машинска струка,електро струка
-најмалку две години работно искуство во струката


Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок, полното работно време изнесува 40 часа неделно, работното време започнува во 7,00 часот и трае до 15 часот, паричниот износ на основната плата за работното место е 32.760,00 денари, плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.
Предвидени вработувања според Годишниот план на институцијата за 2024 година се: 1 (еден) извршител – Македонци(ки).

2. Работно место Одржувач на канализациона мрежа шифра на работно место КДР 03 05 В01 013 – 1 (еден) извршител

ОпШти услови:

-да е државјанин на Република Северна Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен
-да има општа здравствена способност за работното место
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

Посебни услови:
– да има основно образование
– да има најмалку една година работно искуство во струката

Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок, полното работно време изнесува 40 часа неделно, работното време започнува во 7,00 часот и трае до 15 часот, паричниот износ на основната плата за работното место е 28.843,00 денари, плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.
Предвидени вработувања според Годишниот план на институцијата за 2024 година се: 1 (еден) извршител – Македонец(ки).

-Пополнета пријава објавена на веб страната на КЈП Нискоградба Битола.

Пријавите ќе бидат достапни на веб-страната на КЈП,,Нискоградба,,Битола хттпс//њњњ.нискоградбабт.мк, а ќе можат да се подигнат и од архивата на КЈП Нискоградба Битола секој работен ден од 7,00-15,00 часот.
Кон пријавата кандидатите задолжително ги приложуваат потребните докази за податоците внесени во истата.
Кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
Пријавите со потребната документација кандидатите се должни да ги достават во КЈП Нискоградба – Битола, на ул. Булевар 1-ви Мај бб . 7000 Битола, лично или преку пошта.


КЈП Нискоградба-Битола
ВД Директор
Зоран Талевски

Prijava-za-vrabotuvawe-1