Врз основа на член 17 став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македонија број  27/14 и 199/14),   Директорот на КЈП,,Нискоградба,,-Битола на ден    23.09.2015  година донесе

ПРАВИЛНИК

ЗА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА

НА КЈП „НИСКОГРАДБА“ – БИТОЛА

I.     ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој Правилник се  уредуваат внатрешната организација на  комуналното  јавно претпријатие  ,,Нискоградба,,-Битола ( во натамошниот текст  претпријатието), видовите и бројот на сектори, нивниот делокруг, одговорност и меѓусебни односи, начините и формите на раководење во претпријатието, како и графички приказ на внатрешната организација на претпријатието (органограм).

Член 2

            Внатрешната организација на претпријатието  е уредена согласно Законот за јавни  претпријатија и другите прописи.

            Работите и задачите се групираат според видот, обемот и сложеноста, нивната меѓусебна поврзаност и другите карактеристики на работите и работните задачи, видот и степенот на стручната подготовка и другите услови потребни за нивното извршување.

Член 3

            Со внатрешната организација  на претпријатието се обезбедува законито, стручно, ефикасно и економично вршење на работите и задачите утврдени со закон, други прописи и акти:   насоченост кон корисниците на услугите;  независност и одговорност при вршењето на службените задачи;  еднообразност и хиерархиска поставеност на  секторите;  делегирање на овластувања и координација меѓу  секторите.

  1.  ОРГАНИЗАЦИЈА  НА РАБОТА

Член 4

Внатрешната организација овозможува вршење на сите работи од дејноста на

претпријатието во неговите делови и во целина.

                   Дејноста на претпријатието се врши во следните сектори:

1. Сектор за    ОПШТИ  И ПРАВНИ РАБОТИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

1.1.Одделение за општи и правни работи и човечки ресурси

1.2.Одделение за јавни набавки

2.  Сектор за ФИНАНСИИ,   СМЕТКОВОДСТВО И КОМЕРЦИЈА

2.1.Одделение за финансиско сметководствени работи

2.2.Одделение за комерција

3.Сектор за КАНАЛИЗАЦИОНИ ОБЈЕКТИ,ИНСТАЛАЦИИ,УЛИЦИ И ПАТИШТА И МЕХАНИЗАЦИЈА 

3.1.Одделение за канализациони објекти, инсталации,улици и патишта

3.2.Одделение за механизација

3.1.1.Оддел за припрема,проектирање и развој

1.СЕКТОР ЗА ОПШТИ И ПРАВНИ РАБОТИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Член 5

            1.Со овој сектор раководи   раководителот на Секторот за   општи и правни   работи и човечки ресурси, кој врши и  работи од управувањето со човечки ресурси.

Секторот за   општи и правни   работи и човечки ресурси  опфаќа:

– работи поврзани со подготовката на општите и поединечните акти од надлежност на Управниот одбор и директорот на Претпријатието;

-застапување на Претпријатието во споровите пред надлежните судови и пред други надлежни органи,

-подготовката и организацијата на седниците на Управниот одбор на Претпријатието и на  Одборот  за контрола на материјално-финансиско работење,

-склучување на договори и спогодби за наплата  и утужување.

           – врши работи од  управувањето   и човечките ресурси   во претпријатието,

            -безбедност и здравје при работа,

            -го организира функционирањето и го усогласува архивкото работење,

            -го организира прибирањето, средувањето, чувањето и оттуѓувањето на целокупната документација на претпријатието,

            -го оранизира спроведувањето на планот за јавни набавки во претпријатието,

            -се грижи за спроведувањето на Законот за јавни набавки и другите закони,

1.1.Одделение за општи и правни работи и човечки ресурси

1.1.Со Одделението   раководи раководител на одделението.

              Одделението ги опфаќа следните работи

           – сите работи во врска со управувањето со човечките ресурси во претпријатието

            -работите поврзани со архивската документација, прием и распределба  на поштата

            -работи поврзани со застапување на претпријатието, прием и поднесување на тужби и други документи во претпријатието.

1.2.Одделение за јавни набавки

1.2.Со Одделението раководи раководител на одделението

              Одделението за Јавни набавки ги опфаќа  следните работи:

            -следење и примена на законската регулатива од областа на јавните набавки

            -спроведување на постапка за јавни набавки

            -составување на решенија, договори и согласности за јавни набавки

            -изготвување на огласи за јавни набавки и тендерска документација

            -вршење проверка на исправноста на фактурите доставени врз основа на склучени договори за набавки и нивна усогласеност со испратниците  односно работните налози и порачките

            -водење евиденција за јавните набавки што се вршат по видови на постапки

врши тековна контрола на цените од фактурите доставени од економските оператори 

2.СЕКТОР ЗА  ФИНАНСИИ, СМЕТКОВОДСТВО И КОМЕРЦИЈА

                                                                  Член 6

2.Со овој сектор раководи раководителот на секторот за финансии, сметководство и комерција.

Секторот за  Финансии,  сметководство и комерција врши работи поврзани со материјално-финансиско работење на Претпријатието според меѓународните финансиски стандарди за јавниот сектор,  изготвување на годишната сметка на Претпријатието, подготовка и исплата на платите и другите надоместоци за вработените во Претпријатието и за членовите на Управниот и Надзорниот одбор.

2.1.Одделение за финансиско сметководствени работи

2.1 Со Одделението раководи раководител на одделението.

      Одделението за финансиско-сметководствено работење  ги опфаќа;

– целокупното  сметководствено  работење во претпријатието,

– прокнижување на влезно излезни фактури,

-подготвува финансиски и статистички анализи и извештаи,

 -врши  анализи и планирања, изготвува инвестициони програми,

 -го организира и реализира магацинското работење,

 – ги евидентира корисниците на услуги и ги следи односите со нив во смисла на настанати промени, податоци за долгови заради склучување на договори и спогодби за наплата и заради утужување.

2.2.Одделение за комерција

2.2. Со Одделението  раководи раководител на одделението.

Одделението   за Комерција  ги опфаќа;

  – комерцијалните работи, набавката на потребните материјали според динамиката која ја добива од оперативата на претпријатието, канцеларискиот материјал и целокупниот инвентар  во претпријатитето,

– превзема мерки и дејствија за  вршење на годишниот попис,

 -води евиденција за штетите преку осигурителните компании се до нивно ликвидирање односно извршување,

– ја организира целокупната работа на операторите-аналитичари, инкасантите и наплатата на сметките од надоместокот за користење на канализационата мрежа.

3.Сектор за КАНАЛИЗАЦИОНИ ОБЈЕКТИ,ИНСТАЛАЦИИ,УЛИЦИ И ПАТИШТА И МЕХАНИЗАЦИЈА

                                                                Член 7

3.Со овој сектор раководи  раководителот на Секторот  за  канализациони

Објекти  инсталации, улици и патишта и механизација.

   Секторот ги опфаќа работите од градежната оператива, целокупната механизација и програмите и проектите кои се изработуваат за изградба и одржување на канализациона мрежа, улици и патишта.

3.1.Одделение за канализациони објекти, инсталации,улици и патишта

3.1.Со Одделението раководи раководител на одделението.

      Одделението за  Канализациони објекти, инсталации, улици и патишта  ги извршува програмите за изградба и одржување на канализациона мрежа, улици и патишта.

3.2.Одделение за механизација

3.2.Со Одделението раководи раководител на одделението.

      Одделението за  Механизација  ги врши работите  поврзани со возилата и машините во претпријатието.

3.1.1.Оддел за припрема,проектирање и развој

3.1.1.Со Одделот раководи раководител на одделот.

                  Одделот за  припрема,проектирање и развој кој ги изготвува идејните главните проекти од делокругот на работата  работи во рамките на Одделението за  Канализациони објекти, инсталации, улици и патишта.  

  1. НАЧИН НА РАБОТА

Член 8

Со претпријатието раководи Директорот на Претпријатието.

Во случај на отсуство или спреченост на директорот, со Претпријатието раководи лице што тој ќе го определи и овласти.

Со секторите раководат раководители на сектори, со одделенијата раководат раководители  на одделенија и со одделот  раководи   раководител  на оддел.

            Во случај на отсуство или спреченост на раководителот на сектор, раководителот на одделение или раководителот на оддел, го заменува  помошник раководител  или друг овластен работник од организациската единица.

                                                                Член 9

Составен дел на овој Правилник    е  графичкиот приказ на организационата

поставеност     на претпријатието  (органограм).

  1. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 10

Со влегување во сила на овој Правилник, престанува да важи Правилникот за организациона поставеност и систематизација на работните места и бруто плати  на КЈП,,Нискоградба,,Битола, бр. 01-1521/1  од  27.12.2013  година освен  Табеларниот дел за висината  на бодовите за работните  места.

                                                           Член 11

Овој  Правилник влегува во сила со денот на донесувањето, по претходно добиена согласност од Министерството за информатичко општество и администрација и Управниот одбор на претпријатието, а ќе се применува осум дена по објавувањето на огласната табла на претпријатието.

                                                                                                ДИРЕКТОР