ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/2019


Врз основа на член 37-и од Законот за јавни претпријатија, член 20-г од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ,, бр.27/14 и 119/14), член 22 и 23 од Законот за работни односи(Службен весник на РМ бр.167/15, 27/16,120/18)  и член 22 од Статутот на КЈП Нискоградба Битола, Директорот на КЈП Нискоградба Битола

ОБЈАВУВА

Ј А В Е Н      О Г Л А С  бр.02/2019

За  вработување  на даватели на јавни услуги на неопределено време за следните работни места :

1.  Работно место  ,,Градежен работник ,, шифра на работно место  КДР 03 05  Б04 031  – 2 (два) извршители  

Општи услови:

-да е државјанин на Република Северна Македонија,

-активно да го користи македонскиот јазик

-да е полнолетен

-да има општа здравствена  способност за работното место

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна

забрана за вршење на професија, дејност или должност

 Посебни услови:

–  да има соодветно средно образование

–  да има соодветни стручни квалификации за работното место,

–  со или без работно искуство во струката

Работната недела  трае 5 работни дена, од понеделник до петок, полното работно време изнесува 40 часа неделно, работното време започнува во 7,00 часот и трае до 15 часот, паричниот износ на основната плата за работното место е  15.337,00 денари, плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.

Предвидени вработувања според Годишниот план на институцијата за 2019 година се: 2 (два) извршители – Македонец(ка).

Постапката за селекција  за вработување на даватели на јавни услуги во ЈП  се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази во пријавата и интервју.

Огласот трае 15(петнаесет)  дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат во три дневни весници од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик, различен од македонскиот.

Кандидатите треба да ги достават  следните  документи за исполнување на потребните услови за работното место во оригинал или копија  заверена на нотар:

-Уверение за државјанство,

-Извод од матична книга на родени,

-Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна  забрана за вршење на професија, дејност или должност,

– Лекарско уверение за општа здравствена способност,

-Диплома за завршено соодветно образование,

-Потврда за работно искуство,

-Пополнета пријава објавена на веб страната на КЈП “Нискоградба” – Битола.

Пријавите ќе бидат достапни на веб-страната на КЈП”Нискоградба” Битола https//www.niskogradba.pelanet.mk, а ќе можат да се подигнат и од архивата на КЈП ”Нискоградба” Битола секој работен ден од 7,00-15,00 часот.

Кон пријавата кандидатите задолжително ги приложуваат потребните докази за податоците внесени во истата.

Кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази  верни на оригиналот.

Пријавите со потребната документација кандидатите се должни да ги достават  во  КЈП  Нискоградба  – Битола,  на ул. Булевар 1-ви Мај бб . 7000 Битола,   лично или преку пошта.

КЈП Нискоградба-Битола

Директор

Методи Силјановски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *